Индустрии и проекти

Со повеќе од 25 години искуство во третман на опасен и неопасен отпад, Екоцентар 97 соработува со компании од најразлични индустрии.

Индустрии

  • Енергетика
  • Металопреработувачка индустрија и рударство
  • Автомобилска индустрија
  • Фармација
  • Производство на храна и пијалаци
  • Телекомуникации
  • Финансии
  • Рафинерии и снабдувачи на гориво

Проект „Охис“

Циркуларна економија

Еден од најголемите и најзначајни проекти од широкото портфолио на компанијата е отстранување индустриски опасен отпад од поранешната Органо-хемиска индустрија – Скопје (ОХИС), која беше напуштена повеќе од 20 години. Проектот беше многу комплексен и вклучуваше идентификација, преточување, препакување и транспорт на приближно 200 тони опасен отпад. Како реализатор на проектот, Екоцентар 97 беше исто така задолжен за административните процедури, односно добивање извозни документи и нотификација за прекугранично движење на отпад од транзитните држави и крајната дестинација.

Проектот опфати отстранување и финално третирање на 5 типа органски пероксиди, акрилонитрил мономер, метанол, метил акрилат, винил хлорид мономер, акрилна киселина, изобутанол, деканол фосфат и други.

Овој проект е од големо социо-еколошко значење за Република Северна Македонија бидејќи беше успешно елиминирано едно од најголемите контаминирани жаришта во земјата, кое претставуваше сериозна закана за здравјето на луѓето и за животната средина.

Галерија

Имате отпад за преземање? Разговарајте со нашиот тим.

За понуда, цени за откуп и преземање од локација, контактирајте нѐ по телефон или е-пошта.